Русија и САД мислат различно за постоење на план „Б“ во прекинот на огнот во Сирија

На изјавата на американскиот државен секретар Џон Кери за постоење на план „Б“ од еден функционер на руското министерство за надворешни работи пристигна одговорот „ние не располагаме со информации за таков план“

438792
Русија и САД мислат различно за постоење на план „Б“ во прекинот на огнот во Сирија

На само неколку дена пред стапувањето во сила на прекинот на огнот во Сирија (27 февруари) почнаа да пристигнуваат спротивставени мислења и изјави од властите во Москва и Вашингтон.

На изјавата на американскиот државен секретар Џон Кери за постоење на план „Б“ од еден функционер на руското министерство за надворешни работи пристигна одговорот „ние не располагаме со информации за таков план“.

Џон Кери кој говореше пред Комитетот за надворешни односи истакна дека Бешар Асад ќе биде приморен да донесе вистински одлуки по прашањето на процесот на транзиција и дека доколку не дојде до тоа постои план „Б“ кој што би можел да се разгледа.

Меѓутоа руски функционери изјавуваат дека при водење на разговорите со САД за примирје во Сирија не се стоеше на евентуален алтернативен план.

Велејќи дека не знае за постоењето на евентуален план „Б“ руската страна го нагласи и тоа дека во овој момент секој треба да работи за постигнување успех со планот „А“.

Од друга страна рускиот претседател Владимир Путин оствари телефонски разговор со сирискиот претседател Бешар Асад.

Во објавеното соопштение од Кремљ се истакнува дека Путин и Асад во телефонскиот разговор зборувале за постигнатиот договор за прекин на огнот во Сирија помеѓу САД и Русија.

Во соопштението се вели дека Асад договорот за кој станува збор го оценил како значаен чекор на патот на политичкото решение и рекол дека е подготвен да придонесе за постигнување прекин на огнот.

Меѓу вестите кои пристигнуваат се наоѓаат и оние според кои Путин и Асад во телефонскиот разговор нагласиле дека договорот за прекин на огнот не се однесува на ДЕАШ, Ал Нусра и други терористички групи кои се внесени во списокот на Советот за безбедност на ОН.

Рускиот претседател Владимир Путин телефонската дипломатија по прашањето на прекинот на огнот во Сирија потоа ја продолжи со саудискот крал Селман бин Абдулазиз ал Сауд, иранскиот претседател Хасан Рухани и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.



Слични вести