Мигрантскиот камп Кале причина за проблем помеѓу Париз и Брисел

Белгија пред опасноста од нов мигрантски бран поради состојбата со кампот Кале во Франција го суспендира Шенгенскиот договор и ги започна привремените гранични контроли

438480
Мигрантскиот камп Кале причина за проблем помеѓу Париз и Брисел

Мигрантскиот камп Кале во Франција во кој се сместени мигранти кои од овде се обидуваат да заминат за Англија станува причина за проблем помеѓу Париз и Брисел.

Белгија пред опасноста од нов мигрантски бран ги започна привремените гранични контроли.

Во мигрантскиот камп Кале кој се наоѓа во северниот дел на Франција од каде пак мигрантите се упатуваат кон соседна Англија се сместени 4 илјади мигранти, од кои 300 се деца кои се обидуваат да патуваат само без своите родители.

Судот во судскиот процес против планот на Франција за евакуирање и рушење на кампот покренат од страна на близу 250 мигранти и 10 граѓански организации донесе одлука за стопирање на овој план на француските власти.

Белгија пак поради загриженост дека мигрантите кои ќе бидат евакуирани од кампот ќе навалат на нејзината граница го суспендира Шенгенскиот договор и ги започна граничните контроли.

На границата со Франција и во пристаништата од кои се патува за Англија беа испратени дополнителни белгиски полициски сили.

Од друга страна во мигрантскиот камп во градот Леополдсбург во Белгија дојде до судир меѓу ирачки и сириски бегалци и авганистански бегалци.

Притоа во судирот беа повредени 7 лица, а 11 бегалци беа приведени.



Слични вести