Циклонот Винстон во Фиџи одзеде 29 животи

Бројот на жртвите во циклонот Винстон кој на крајот од неделата ја погоди островската држава Фиџи се зголеми на 29 лица

437727
Циклонот Винстон во Фиџи одзеде 29 животи

Бројот на загинатите во циклонот Винстон кој на крајот од неделата ја погоди островската држава Фиџи се зголеми на 29 лица.

Владиниот портпарол Еван Перин истакна дека биле срамнети со земја поголемиот дел од куќите и работните места на островот Коро и рече дека 30 члена екипа му доставиле храна и вода за пиење на народот на островот.

Перин напомена дека ќе бидат изградени места за привремено сместување на 4.500 лица кои останале без своите домови.

Истиот портпарол привлече внимание дека меѓу најтешко погодените места од циклонот се наоѓа и островот Тавеуни на кој што живеат приближно 12 илјади лица, а исто така додаде дека се стравува од зголемување на бројот на жртвите.

Фиџи на крајот од неделата го доживеа најсилниот циклон во последните години.

Циклонот Винстон чија брзина достигна дури до 285 километри на час предизвика голема штета.

Државата Фиџи која се наоѓа на југот на Тихиот Океан и е составена од над 100 острови брои приближно 900 илјади жители.



Слични вести