Продолжуваат тврдењата дека Валеса соработувал со тајната служба

Валеса се обвинува за инфилтрирање информации под името Болек за пари на тајната служба во периодот од 1970 до 1976 година

437772
Продолжуваат тврдењата дека Валеса соработувал со тајната служба

Продолжуваат тврдењата дека во комунистичкиот период, поранешниот претседател на Полска Лех Валеса соработувал со тајната служба.

Во врска со тврдењата со јавноста беа споделени официјални документи.

Според документите, Валеса се обвинува за инфилтрирање информации под името Болек за пари на тајната служба во периодот од 1970 до 1976 година.

Стотици страници документи против Валеса беа пронајдени во куќата на министерот за внатрешни работи на поранешниот режим.

72 годишниот Валеса рече дека не бега од судење и дека е спремен за самоодбрана.

Во 2000-та година, против Лех Валеса беше покрената слична кривична постапка на која му се судеше, но поради недоволни докази, случајот падна.

Во 1983 година Лех Валеса беше номиниран за Нобеловата награда за мир, додека во периодот од 1990 до 1995 беше избран за претседател на Полска.



Слични вести