Европол формира нова единица за борба против трговијата со луѓе

Директорот на Европол Роб Вајнрајт рече дека поддршката на англиската полиција во борбата против трговијата со луѓе е многу значајна

437674
Европол формира нова единица за борба против трговијата со луѓе

Европската полициска агенција Европол чие седиште се наоѓа во Хаг формира нова единица за борба против трговијата со луѓе.

Новата единица ќе обезбеди сеопфатно споделување ан информациите меѓу полициите и разузнавачките служби на земјите членки на ЕУ.

Директорот на Европол Роб Вајнрајт направи проценка на натамошното останување или одвојување на Англија од ЕУ од аспект на мултинационалните разузнавачки активности.

Вајнрајт рече дека поддршката на англиската полиција во борбата против трговијата со луѓе е многу значајна.

Во случај да се повлече до ЕУ, тогаш Англија самата ќе биде принудена да вложи поголеми напори во борбата против терористичките акции, рече директорот на Европол Вајнрајт.

Според податоците на Европол, криминалните организации, само лани од имигрантите заработија околу 6 милијарди евра.

Податоците на Европол ја обелоденуваат човечката димензија на бегалската криза.

Само во последните две години, над 10 илјади деца бегалци, откако влегоа во европските земји, за жал исчезнаа.

Исто така беше објавено предупредувањето дека илјадници деца од кои повеќето по потекло од Сирија, од страна на бандите кои се бават со трговија на луѓе ќе бидат принудени да работат во сексуални работи или како робови.

Особено децата без придружба се мета на кривичните организации и банди.

Само лани, беше утврдено дека околу 26 илјади деца без придружба влегле во Европа.



Слични вести