Во бомашки напади во Дамаск и Хомс загинаа над 140 лица

Во реализирани бомбашки напади во главниот град на Сирија, Дамаск и градот Хомс животот го загубија над 140 лица

436834
Во бомашки напади во Дамаск и Хомс загинаа над 140 лица

Во областа на градот Хомс под контрола на сирискиот режим беше реализиран напад со две возила-бомби.

Возилата-бомби управувани од страна на самоубиствени напаѓачи беа експлодирани со пауза од 20 минути.

Во експлозијата животот го загубија 59 лица, а над 100 лица беа повредени.

Во близина на турбето Сејјиде Зејнеп кое се смета за свето од страна на Шиитите, во сирискиот главен град Дамаск пак беа реализирани 4 бомбашки напади.

Во експлозиите животот го загубија 83 лица, а десетици лица беа повредени.

Одговорноста за бомбашките напади ја презеде терористичката организација ДЕАШ.



Слични вести