Сириските опозиционери подготвени за придржување кон прекинот на огнот во Сирија

Поранешниот сириски премиер и координатор на Високиот преговарачки комитет Ријад Хиџаб одржа состанок со претставниците на неколку опозициони групи во правец на применувањето на прекинот на огнот во Сирија

436505
Сириските опозиционери подготвени за придржување кон прекинот на огнот во Сирија

Сириските опозиционери соопштија дека би можеле прифатат во принцип да се придржуваат кон прекинот на огнот.

Поранешниот сириски премиер и координатор на Високиот преговарачки комитет Ријад Хиџаб одржа состанок со претставниците на неколку опозициони групи во правец на применувањето на прекинот на огнот во Сирија.

На крајот од состанокот беше објавено соопштение од страна на Високиот преговарачки комитет во кое се вели следното: „Опозиционите групи во Сирија под услов да се даде гаранција за безбедност и Русија, Иран и секташките паравоени сили и платениците да ги сопрат нападите би можеле да прифатат во принцип да се придржуваат кон евентуалниот прекин на огнот.“

Освен тоа во соопштението се истакнува дека Ријад Хиџаб чувствува задоволство од постигнатиот договор помеѓу различните опозициони групи, меѓутоа воедно рекол дека не очекува од сирискиот режим и неговите сојузници да се придржуваат кон ваквиот прекин на огнот.



Слични вести