Продолжуваат внатрепартиските избори во САД

Продолжуваат внатрепартиските избори за избор за кандидат за претседател во редовите на Демократската и Републиканската партија

436527
Продолжуваат внатрепартиските избори во САД

Американските граѓани се подготвуваат за претседателските избори закажани за ноември оваа година.

Продолжуваат внатрепартиските избори за избор за кандидат за претседател во редовите на Демократската и Републиканската партија.

На внатрепартиските избори во сојузната држава Невада на кои се натпреваруваа кандидатите од редовите на Демократската партија Хилари Клинтон извојува победа над Берни Сандерс.

Хилари Клинтон победи и на првите внатрепартиски избори во сојузната држава Ајова.

На вторите одржани партиски прелиминарни избори во сојузната држава Њу Хемпшир пак победи Берни Сандерс.

Кандидатите на Републиканската партија исто така како последно се натпреваруваа на внатрепартиските избори во сојузната држана Јужна Каролина на кои милијардерот и трговец на недвижнини Доналд Трамп ги победи своите двајца најблиски противници сенаторот од Тексас Тед Круз и сенаторот од Флорида Марко Рубио.

Во меѓувреме, Џеб Буш, еден од кандидатите од редовите на Републиканската партија, по прелиминарните избори во Јужна Каролина соопшти дека се откажува од трката.

На претседателските избори закажани за 8 ноември ќе биде избран новиот 58-ми претседател на САД, додека актуелниот претседател Барак Обама ќе ја напушти претседателската фотелја.




Слични вести