Договор помеѓу САД и Русија за воена координација за прекин на огнот во Сирија

Американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров остварија телефонски разговор посветен на прекинот на огнот во Сирија

436458
Договор помеѓу САД и Русија за воена координација за прекин на огнот во Сирија

САД и Русија се договорија по прашањето на воспоставување на воена координација помеѓу двете земји за постигнување прекин на огнот во Сирија.

Американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров остварија телефонски разговор посветен на прекинот на огнот во Сирија.

Двајцата шефови на дипломатии постигнаа компромис во однос на тоа дека треба да се воспостави воена координација помеѓу САД и Русија за постигнување прекин на огнот во Сирија.

Од друга страна засега не е разјаснето под кои услови ќе биде постигнат прекинот на огнот.

Во телефонскиот разговор Џон Кери ја изрази загриженоста на неговата земја во врска со бомбардирањето кое што го реализира Русија во Сирија без притоа да се прави никаква разлика меѓу местата кои се бомбардираат.

Кери воедно ја изрази и надежта за што е можно побрзо време да се постигне прекин на огнот меѓу страните во Сирија.




Слични вести