Израел повторно затвори некои локални палестински установи за помош

Упадите претставуваат јасен показател дека сите видови хуманитарни и национални активности го вознемируваат Израел

435365
Израел повторно затвори некои локални палестински установи за помош

Израелската полиција и агентите на разузнавачката служба извршија упад во локалните установи за помош на Палестинците и истите ги затворија.

Израелската полиција и агентите на разузнавачката служба извршија упад во установата Јусуф ес Сиддик Есир Баким во градот Умулфахм и здруженијата Садакатул Џарије во градот Насира и Зехра Кермал во градот Хајфа и истите ги затворија.

Претседателот на установата Јусуф ес Сиддик, Нидал Ебу Шеик остро ги осуди упадите и рече дека истите претставуваат јасен показател дека сите видови хуманитарни и национални активности го вознемируваат Израел. Тоа што го направија е тероризам и не можат да не откажат од активностите за собирање и доставување помош на затворениците.

Израел и претходно имаше затворено 17 палестински Невладини организации под изговор дека биле поврзани со исламското движење.



Слични вести