Значаен чекор во нормализирањето на односите меѓу САД и Куба

Двете земји потпишаа договор за повторно започнување на меѓусебните летови

434176
Значаен чекор во нормализирањето на односите меѓу САД и Куба

САД и Куба фрлија уште еден значаен чекор за нормализирање на односите

Имено двете земји потпишаа договор за повторно започнување на меѓусебните летови.

Договорот кој беше потпишан во Хавана, се оценува како историски ден и пресвртна точка во напорите за подобрување на односите меѓу двете земји.

Согласно постигнатиот договор, американските авиокомпании ќе аплицираат до Министерството за транспорт на Куба и ќе достават барање за кои градови сакаат да летаат.

Министерството до крајот ма летото ќе ги разгледа поднесените барања и ќе ги определи маршрутите на летови.

Авиокомпаниите на двете земји ќе можат да организираат заеднички летови и да потпишат договори за изнајмување авиони.

Во декември 2014 година, по период од 53 години првпат раководствата на Вашингтон и Хавана усвоија одлука за нормализирање на меѓусебните односи.

Раководствата на двете земји објавија низа одлуки кои ги постигнале на разговорите како што се размената на заробените агенти, повторно започнување на дипломатските односи и оживување на трговијата.



Слични вести