Вонредната состојба во Франција продолжена до 26 мај 2016 година

На гласањето во француското Национално собрание со 212 гласа „за“ и 21 глас „против“ беше донесена одлука за продолжување на вонредната состојба до 26 мај 2016 година

434399
Вонредната состојба во Франција продолжена до 26 мај 2016 година

Француското Национално собрание донесе одлука за продолжување уште 3 месеци на вонредната состојба која беше воведена по терористичките напади со кои главниот град Париз на 13 ноември минатата година беше облеан во крв.

На одржаното гласање во собранието одлуката за продолжување на вонредната состојба до 26 мај 2016 година беше прифатена со 212 гласа „за“ и 21 глас „против“.

Францускиот министер за одбрана Бернар Казнев истакна дека продолжува терористичката закана во земјата по нападите во кои животот го загубија 130 лица.

Казнев минатата недела изјави дека во рамките на вонредната состојба во земјата беа реализирани 3.336 претреси во кои беа запленети 578 парчиња оружје, а истовремено беа покренати и 23 обвиненија за упатување пофални зборови за тероризмот.

Во серијата терористички напади кои беа реализирани на 13 ноември во францускиот главен град Париз животот го загубија 130 лица, а 351 лице беа повредени.

Одговорноста за нападите ја презеде терористичката организација ДЕАШ.

По нападите Франција воздушните операции кои што ги реализираше против ДЕАШ во Ирак почна да ги реализира и на територијата на Сирија.



Слични вести