Во самоубиствен напад во Аден загинаа 14 јеменски војници

Самоубиствен напаѓач кој облечен во воена униформа влегол во една касарна во градот Аден го активирал експлозивот на себе и во нападот загинале 14 јеменски војници

434488
Во самоубиствен напад во Аден загинаа 14 јеменски војници

Во реализиран самоубиствен напад на касарната Ра'с Аббас во градот Аден на југот на Јемен загинаа 14 војници.

Како што се истакнува самоубиствениот напаѓач во касарната влегол облечен во воена униформа и го активирал експлозивот на себе.

Одговорноста за самоубиствениот напад засега не ја презеде никој, меѓутоа се претпоставува дека е реализиран од страна на терористичката организација Ал Каеда.



Слични вести