Сирискиот режим дозволи доставување хуманитарна помош на 7 области под опасада

Специјалниот претставник на ОН за Сирија Стефан Де Мистура истакна дека ќе се тестира дали режимот на Асад ќе ја исполни оваа одговорност

434222
Сирискиот режим дозволи доставување хуманитарна помош на 7 области под опасада

Сирискиот режим го дозволи доставувањето на хуманитарна помош на 7 области кои се наоѓаат под опсада.

Специјалниот претставник на ОН за Сирија Стефан де Мистура исто така истакна дека ќе се тестира дали режимот на Асад ќе ја исполни оваа одговорност.

Мистура кој допатува во изненадна посета на Дамаск се состана со сирискиот министер за надворешни работи Велид Муалим.

На средбата беше разговарано за прашањето за доставување хуманитарна помош на сите области кои се наоѓаат под опсада на режимот.

По средбата Мистура изјави за претставниците на печатот дека сирискиот режим треба да го дозволи доставувањето на хуманитарна помош од страна на ОН на сите Сиријци и дека тоа денеска ќе биде и тестирано.

По оваа изјава на специјалниот претставник на ОН за Сирија Стефан де Мистура организациите за хуманитарна помош се подготвуваат да достават хуманитарна помош на 7 области кои се наоѓаат под опсада на режимот, а меѓу кои се наоѓаат и Деир ез Зор, Мадаја, Фоах и Кифраја.



Слични вести