Во руските напади на Идлиб и Азез загинаа 50 лица

Проектилите кои погодија 5 болници и 2 училишта зад себе оставија над 100 повредени

433323
Во руските напади на Идлиб и Азез загинаа 50 лица

Во нападите на руските борбени авиони на Идлиб и Азез загинаа 50 лица

Проектилите кои погодија 5 болници и 2 училишта зад себе оставија над 100 повредени.

Меѓу загинатите во болницата во Азез која беше погодена има бремени жени и деца.

Една од болниците кои беше погодена во Идлиб се раководеше од страна на меѓународната хуманитарна организација Лекари без граници.

Организацијата соопшти дека бомбардирањето беше причина 40 илјади лица да останат без болница.

Турција остро ги осуди воздушните напади на Русија на училиштата и болниците.

Според соопштението објавено од страна на Министерството за надворешни работи (МНР), нападите немаат никакво оправдување како од човечки така и од аспект на совеста, поради што јасно претставуваат злосторство против човештвото и меѓународното право.

Во соопштението беше потсетено дека на состанокот на Меѓународната група за поддршка на Сирија беше усвоена одлука за суспендирање на судирите во Сирија.

Доколку Руската Федерација веднаш не ги прекине акциите и нападите насочени против мирот и стабилноста во Сирија, тогаш неизбежно ќе биде да биде изложена на многу поголеми посериозни последици, беше истакнато во соопштението на МНР.

И САД исто така остро ги осудија нападите, додека генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун рече дека овој вид напади ги прекршуваат меѓународните правила.

Нападите претставуваа отворено и јасно прекршување на меѓународното хуманитарно право, соопшти Меѓународната организација Амнести интернешнл поради што упати повик до Русија за што поскоро прекинување на нападите.



Слични вести