Меркел е на страната на формирање зона на забранети летови

Ќе биде од корист постигнувањето договор во регионот, поради што постои можност да одржи средби со противниците и поддржувачите на Асад

433482
Меркел е на страната на формирање зона на забранети летови

Германската канцеларка Ангела Меркел позитивно одговори на повикот на Турција за формирање зона на забранети летови над Сирија.

Во интервјуто за еден германски весник канцеларката Меркел рече дека е на страната на формирање зона на забранети летови во Сирија.

Во рамките на денешната конјунктура, формирањето простор во кој страните инволвирани во војната не ќе можат да вршат авионски напади ќе биде од корист, рече Меркел и потенцираше дека формирањето зона на забранети летови ќе ја олесни состојбата на Сиријците, кои се протерани од родните краишта.

Меркел меѓудругото рече дека ќе биде од корист постигнувањето договор во регионот, поради што постои можност да одржи средби со противниците и поддржувачите на Асад.

Турција која е земја домаќин на над 2 милиони бегалци од Сирија, претходно имаше упатено повик до светот за формирање безбедни зони по должината на границата со Сирија за да можат бегалците да се засолнат на овие простори.



Слични вести