Денес СБ на ОН ќе одржи затворена седница

Прва точка на дневниот ред на состанокот на Советот ќе бидат судирите во Јемен

433519
Денес СБ на ОН ќе одржи затворена седница

На барање на Русија, денес СБ на ОН на затворена седница ќе го разгледа прашањето во врска со бомбардирањето на позициите на ПЈД во Сирија од страна на Турските вооружени сили.

На затворената седница на СБ на ОН која беше иницирана на барање на Русија, Одделот за политички работи на ОН се очекува да одржи брифинг пред Советот.

Прва точка на дневниот ред на состанокот на Советот ќе бидат судирите во Јемен и хуманитарната состојба на луѓето во оваа земја.

По состанокот за Јемен, во рамките на втората точка посветена на останатите прашања ќе се разгледа бомбардирањето на позициите на ПЈД во Сирија од страна на Турските вооружени сили.

На состанокот се очекува Западните земји да го изнесат бомбардирањето на руските борбени авиони на училиштата и болниците во Сирија.

Министерот за одбрана Исмет Јилмаз рече дека од страна на терористите на ПЈД/ПКК беа исфрлени гранати врз граничната караула Демиришик, поради што согласно правилата за ангажман, Турција одговори со возвратна цел.



Слични вести