Во руските напади на Азез загинаа 21 лице

Руски воени авиони извршија 10 воздушни напади врз Азез во кои според првичните претпоставки животот го загубија 21 лице меѓу кои има и деца, а повеќе од 50 лица се повредени

432915
Во руските напади на Азез загинаа 21 лице

Во бомбардирањето на руските воени авиони врз населеното место Азез во близина на градот Алепо во северниот дел на Сирија според првичните претпоставки животот го загубија 21 лице меѓу кои има и деца, а повеќе од 50 лица се повредени.

15 од повредените со амбулантни коли беа донесени на лекување во Државната болница во Килис во Турција.

Во рускиот воздушен напад биле погодени и едно училиште и една болница.

Руските воени авиони од утринските часови досега реализираа вкупно 10 воздушни напади врз населеното место Азез.

Од друга страна беа исфрлени и 8 руски балистички ракети врз цивилните населени места во Азез во близина на градот Алепо.



Слични вести