Телефонски разговор меѓу Обама и Путин посветен на Сирија и Украина

Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Барак Обама водеа телефонски разговор посветен на Сирија и Украина

432422
Телефонски разговор меѓу Обама и Путин посветен на Сирија и Украина

Според објавеното соопштение од прес-службата на Кремљ американскиот претседател Барак Обама и рускиот претседател Владимир Путин оствариле телефонски разговор.

Двајцата лидери во телефонскиот разговор направиле проценка на постигнатиот договор на состанокот на Меѓународната група за поддршка на Сирија во Минхен за стопирање на насилството и ставање крај на блокадите во оваа земја.

Обама и Путин постигнале компромис по прашањето на интензивирањето на соработката помеѓу министерствата за надворешни работи на двете земји за да може да се стави во примена договорот, а исто така дале поддршка на работите за постигнување прекин на огнот и доставување хуманитарна помош во Сирија.

Во разговорот Путин го повторил предлогот до Обама за формирање заеднички фронт во борбата против тероризмот, а исто така рекол дека треба да се воспостави близок контакт помеѓу министерствата за одбрана на САД и Русија за продуктивна и планирана борба против ДЕАШ.

Во телефонскиот разговор двајцата лидер Обама и Путин се осврнале и на состојбата во Украина.



Слични вести