Иран по 5 години го реализира првиот извоз на нафта за Европа

По постигнатиот договор на крајот од нуклеарните преговори со западните земји и укинувањето на ембаргата Иран го реализира првиот извоз на нафта за Европа

432513
Иран по 5 години го реализира првиот извоз на нафта за Европа

Иран по пауза од 5 години го реализира првиот извоз на нафта за Европа.

Извозот беше остварен по постигнатиот договор на крајот од нуклеарните преговори со западните земји и укинувањето на ембаргата кои што беа спроведувани против Иран.

Официјалната иранска новинска агенција соопшти дека по укинувањето на ембаргата беше остварен првиот извоз на сурова нафта.

Како што се истакнува во изминативе денови танкери на голем број западни земји натовариле иранска нафта.

Ирански функционери изјавија дека ова укажува на нов период во нафтената индустрија на Иран.

Инаку Иран со стапување во сила на нуклеарниот договор планира производството на нафтата да го зголеми на 1 милион барели.






Слични вести