Чекор по чекор ќе се спроведува акциониот план меѓу Турција и ЕУ

Во случај материјалната помош не биде доволна, тогаш ќе се размисли за прифаќање одреден број бегалци од страна на некои земји членки на ЕУ

432036
Чекор по чекор ќе се спроведува акциониот план меѓу Турција и ЕУ

Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека чекор по чекор ќе се спроведува акциониот план кој беше усвоен на состанокот меѓу Турција и ЕУ во ноември.

По средбата со полската премиерка Беата Шидло, канцеларката Меркел рече дека пред претстојниот самит на лидерите на ЕУ планиран за идната недела во Брисел, се планира да се одржи состанок на кој ќе учествува и премиерот Ахмет Давутоглу.

Договорот меѓу ЕУ и Турција ќе се спроведува чекор по чекор, рече Меркел и се осврна на 3 милиони евра кои се планира да се доделат на Турција за подобрување на состојбата на бегалците.

Во случај материјалната помош не биде доволна, тогаш ќе се размисли за прифаќање одреден број бегалци од страна на некои земји членки на ЕУ.

Полска исто така изрази волја за што поскоро спроведување на договорот меѓу ЕУ и Турција кој што беше постигнат во ноември.

Полската премиерка Беата Шидло изрази волја за преземање поактивна улога во врска со решавањето на бегалската криза и дека Германија и Полска ќе остварат заеднички проект на тоа поле.



Слични вести