НАТО на задача против мигрантскиот бран во Егејското Море

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел рече: „Мигрантската криза влијае на сите нас и сите треба да придонесеме за решение“

430905
НАТО на задача против мигрантскиот бран во Егејското Море

НАТО за стопирање на илегалните преминувања на мигрантите и спречување на криумчарењето на луѓе стапува на задача во Егејското Море.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече: „Одлучивме да помогнеме во мигрантската криза.“

Столтенберг кој говореше на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел рече: „Мигрантската криза влијае на сите нас и сите треба да придонесеме за решение“.

Германската министерка за одбрана Урсула вон дер Лејен истакна дека НАТО за најскоро време треба да започне со патрола во Егејското Море.

Американскиот секретар за одбрана Ештон Картер пак рече дека на воените функционери на НАТО им е дадена задача за спречување на илегалната миграција и криумчарењето на луѓе во Егејското Море.

Ештон истакна дека освен Турција и Германија на барање и на Грција министрите за одбрана на НАТО разговарале за прашањето и дека во однос на тоа како ќе биде исполнето ова барање за подготвување на планот биле задолжени воените функционери.



Слични вести