Нигериската армија ослободи 324 заложници од рацете на Боко Харам

Нигериската армија во провинцијата Борно ослободи 324 заложници од рацете на терористичката организација Боко Харам

430429
Нигериската армија ослободи 324 заложници од рацете на Боко Харам

Во провинцијата Борно во Нигерија ослободени 324 лица кои беа држени во заложништво од страна на терористичката организација Боко Харам.

Портпаролот на нигериската армија Сани Усман истакна дека во реализираната операција против терористичката организација во подрачјето биле убиени 31 терорист.

Велејќи дека притоа во операцијата од кампот на Боко Харам Булагама во Борно биле ослободени 40 заложници, од Будумри 103 и од Болунгу 181 заложник, Усман напомена дека во вооружениот судир помеѓу војската која патролирала во подрачјето и припадниците на терористичката организација биле убиени 25 терористи, а 8 терористи биле приведени.

Истиот нигериски функционер рече дека во вооружен судир и во градот Кукава биле убиени 6 мина терористи и дека во операциите била запленета голема количина оружје и муниција.






Слични вести