Северна Кореја лансираше ракета од долг дострел

Американската стратешка команда (USSTRATCOM) соопшти дека Северна Кореја лансирала ракета од долг дострел

428499
Северна Кореја лансираше ракета од долг дострел

Американската стратешка команда (USSTRATCOM) соопшти дека Северна Кореја лансирала ракета од долг дострел.

Во објавеното писмено соопштение од USSTRATCOM се вели дека системите на САД регистрирале дека во 18:29 часот по локално време Северна Кореја лансирала ракета од долг дострел.

Американската администрација го осуди овој потег на севернокорејските власти до кои долго време се упатуваат предупредувања по ова прашање.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа Сузан Рајс во објавеното писмено соопштение овој нов чекор на Пјонгјанг, по реализираното нуклеарно тестирање на 6 јануари го окарактеризира како акција за „нарушување на стабилноста и провокација“ со која се прекршуваат низа резолуции на Советот за безбедност на ОН.

Со писмено соопштение се огласи и американскиот државен секретар Џон Кери кој го истакна следното: „САД силно го осудуваат ракетното тестирање на Северна Кореја со кое отворено се прекршуваат резолуциите на Советот за безбедност на ОН во врска со употребата на технологијата на балистички ракети.“

Велејќи дека властите во Пјногјанг во последниот еден месец фрлија потпис на голема провокација која освен Корејскиот полуостров истовремено им се заканува на безбедноста на целиот регион и на САД, Кери го повтори силното ветување на САД во правец на одбраната на своите сојузници меѓу кои се наоѓаат и Јужна Кореја и Јапонија.



Слични вести