Продолжуваат иницијативите за средба помеѓу авганистанските власти и Талибан

Продолжува иницијативата за организирање средба помеѓу авганистанските власти и Талибан за ставање крај на судирите во Авганистан

428595
Продолжуваат иницијативите за средба помеѓу авганистанските власти и Талибан

Пакистан, Авганистан, Кина и САД донесоа одлука за продолжување на напорите за иницирање на средба помеѓу авганистанските власти и Талибан за ставање крај на судирите во Авганистан

Во главниот град на Пакистан, Исламабад се одржа средба помеѓу делегациите на четирите земји.

Притоа на средбата беше одлучено да продолжат да се водат заеднички напори за започнување на директните разговори помеѓу авганистанските власти и Талибан до крајот на овој месец.

Функционерите на Пакистан, Авганистан, Кина и САД планираат да се состанат повторно на 23 февруари во Кабул.

Високи функционери на Талибан изнесувајќи го како причина присуството на американските и авганистанските власти не учествуваа на состанокот во Исламабад.

Меѓутоа се истакнува дека една група од редовите на Талибан е на страната на учествување на разговорите.


Слични вести