Ласа треската одзеде 101 живот во Нигерија

Во 19 од вкупно 36 провинции во Нигерија вклучувајќи го и главниот град Абуџа се евидентирани 175 случаи на ласа (Lassa) треската

428679
Ласа треската одзеде 101 живот во Нигерија

Бројот на загинатите поради ласа (Lassa) треската во Нигерија се зголеми на 101 лице.

Во објавеното соопштение од Центарот за контрола на болести на Нигерија (NCDD) се истакнува дека во 19 од вкупно 36 провинции во земјата вклучувајќи го и главниот град Абуџа биле евидентирани 175 случаи на ласа (Lassa) треската.

Болницата Ахмедија во провинцијата Лагос по утврдување на вирус на ласа (Lassa) треската на 15 јануари беше запечатена и 92 лица беа земени под лекарски надзор.

Како што се истакнува ласа (Lassa) треската се наоѓа во групата на иста болест со епидемијата на ебола и во споредба со еболата е полесна болест и во случај на рана дијагноза може да се излечи.



Слични вести