„За решение во Сирија треба да продолжат преговорите во Женева“

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц истакна дека за да може да се постигне соодветно решение во Сирија треба да продолжат мировните преговори во Женева

428003
„За решение во Сирија треба да продолжат преговорите во Женева“

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц кој престојуваше во Лондон по повод Донаторската конференција за Сирија која што се одржа вчера се состана со студентите во Лондон.

Шулц истакна дека за да може да се постигне соодветно решение во Сирија треба да продолжат мировните преговори во Женева.

Велејќи дека поради кризата во Сирија светот поминува низ тешки времиња и дека оваа криза ќе може да се реши заедно во соработка, а не се одлуки кои што некои земји ќе ги донесат самите, Мартин Шулц рече: „Се додека продолжуваат основните проблеми на миграцијата луѓето ќе продолжат да доаѓаат... Поради бомбардирањата на Асад и ѕверството на ДЕАШ луѓето ќе продолжат да се обидуваат да преминат преку бурните мориња и високите жичани огради.“

Велејќи дека долго време се изоставуваат од вид болките на сирискиот народ, претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц истакна дека се надева оти ќе продолжат преговорите во Женева и ќе се постигне итен прекин на огнот.

Шулц напомена дека Турција е земја која е домаќин на најголем број бегалци во светот, поради што истакна дека Турција, Јордан и Либан треба да се поддржуваат по ова прашање.

Мартин Шулц рече: „Ќе овозможиме соработката меѓу ЕУ и Турција да произведе резултати и ќе определиме одредена рамка за бегалците.“

Привлекувајќи внимание и кон состојбата во источниот дел на Украина, претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц го рече следното: „Неодговорните однесувања на рускиот претседател Владимир Путин и анектирањето на Крим потсетуваат на периодот на Студената војна.



Слични вести