Во руски воздушни напади на две маала во Алепо животот го загубија 10 лица

Во руското бомбардирање на две маала во градот Алепо кои се наоѓаат под контрола на опозиционерите животот го загубија 10 лица, а голем број лица беа повредени

428207
Во руски воздушни напади на две маала во Алепо животот го загубија 10 лица

Руски воени авиони во градот Алепо реализираа напади на маалата Сахур и Мешхед кои се наоѓаат под контрола на опозиционерите.

Според добиени информации од надлежни за цивилна одбрана во градот Алепо во руското бомбардирање животот го загубиле 10 лица, а голем број лица биле повредени.

Во воздушните напади била причинета и голема материјална штета и како што истакнуваат надлежни продолжуваат активностите на екипите за цивилна одбрана за утврдување дали има затрупани лица под рушевините.

Од друга страна 15 повредени лица во руските воздушни напади беа донесени на лекување во Државната болница во градот Килис.

По првата укажана медицинска помош повредените беа префрлени на лекување во градот Газиантеп.





Слични вести