Меркел најави поддршка за земјите кои ги згрижуваат сириските бегалци

Германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека ЕУ би можела да воспостави преференцијална трговија со земјите кои ги згрижуваат сириските бегалци

427704
Меркел најави поддршка за земјите кои ги згрижуваат сириските бегалци

Германската канцеларка Ангела Меркел која учествуваше на Донаторската конференција за Сирија во Лондон истакна дека ЕУ би можела да воспостави преференцијална трговија со земјите кои ги згрижуваат сириските бегалци.

Меркел рече дека ЕУ ќе направи се што е во нејзина можност за развој на извозот на земјите во кои се згрижени сириските бегалци.

Ангела Меркел истакна дека со земјите за кои станува збор би можел да се постигне договор за воспоставување на преференцијална трговија, за што пак како што рече Германија на Сирија и на нејзините соседни земји ќе им достави средства во износ од 2 милијарди 300 милиони евра.

Меркел рече: „Нашите дадени ветувања ќе ги следат дела. Сметам дека Германија во борбата против причините поради кои се принудени да избегаат од своите земји го прави она што и претстои за подобрување на хуманитарната состојба на бегалците во Сирија и нејзините соседи, Либан и Јордан.“

Германската Влада само во текот на оваа година планира да достави помош во износ од 1 милијарда 100 милиони евра. 200 милиони евра пак планира да оддели за образование на децата и младите, стручно обучување на возрасните и за создавање на можности за нови вработувања.

Освен во Турција каде што се згрижени над 2,5 милиони сириски бегалци стотици илјади сириски бегалци се наоѓаат и во земјите како што се Либан, Јордан и Ирак.



Слични вести