Во Англија се дискутира дали да остане или излезе од ЕУ

Франсоа Холанд рече дека Англија не може да стави вето политиките на еврозоната

427436
Во Англија се дискутира дали да остане или излезе од ЕУ

Во Англија се дискутира дали да остане или излезе од ЕУ

Земјата која во јуни се подготвува да одржи референдум, ќе донесе одлука дали да остане во ЕУ или не.

Пред референдумот се доживуваат жестоки дискусии.

Иако во земјата има голем број граѓани кои се на страната Англија да е одвои од Унијата, премиерот Дејвид Камерон не го дели истото мислење.

Камерон во говорот што го одржа на седницата на Долниот дом рече дека останувањето во ЕУ ќе биде во корист на Англија.

Камерон го бранеше предлогот што го изготви ЕУ за држење на Англија во Унијата и рече дека ако постигнеме добар договор со ЕУ, тогаш останувањето во ЕУ во која ќе се извршат реформи, ќе биде од корист за инвестициите, бизнисот и зголемувањето на стапката на вработеност на Англија. За тоа се залагам, рече Камерон.

Од друга страна пак, францускиот претседател Франсоа Холанд рече дека Англија не може да стави вето на политиките на еврозоната.

Холанд го повтори ставот дека е против повторно започнување на преговорите со Англија и дека Франција сака Англија да остане во ЕУ, но предлогот за компромис што беше изнесен, по се изгледа дека не ќе може да го реши проблемот.



Слични вести