Нови руски воздушни напади во Алепо: Загинаа 25 цивили

Руски воени авиони бомбардираа 6 маала на градот Алепо во северниот дел на Сирија при што животот го загубија 25 цивили, а 60 лица беа повредени

427490
Нови руски воздушни напади во Алепо: Загинаа 25 цивили

Во воздушен напад на руските воени авиони на 6 маала на градот Алепо во северниот дел на Сирија загинаа 25 цивили, а 60 лица беа повредени.

Мухаммед Јахја, функционер за цивилна одбрана во Алепо истакна дека руски воени авиони во градот Алепо ги бомбардираа местата населени со цивили во маалата Мешхед, Фирдевс келлеси, Шеар, Тарик Баб и Хулук кои се наоѓаат под контрола на опозиционерите.

Јахја рече дека повредените во нападот биле префрлени на лекување во полски болници и дека продолжуваат работите за пребарување и спасување на затрупаните под срушените згради.

Мухаммед Јахја воедно напомена дека во бомбардираните места била причинета голема материјална штета и дека поради тоа што нападите се уште продолжуваат екипите за цивилна одбрана се соочуваат со тешкотии да пристигнат во овие области.

Руското министерство за одбрана на 30 септември минатата година соопшти дека ги започнува воздушните напади против целите на терористичката организација ДЕАШ на територијата на Сирија, меѓутоа руските воени авиони повеќе ги бомбардираат штабовитеи кампвите за обука на умерените опозиционери во Хомс, Хама, Идлиб и Алепо, како и цивилните населени места.



Слични вести