Туркменското подрачје под жесток оган на силите на режимот

Опозиционери истакнаа дека силите на Асад поддржани и од руските џетови напредуваат во регионот помеѓу градот Алепо и границата со Турција

426659
Туркменското подрачје под жесток оган на силите на режимот

Воените единици на режимот на Асад со поддршка и на воздушните напади на Русија започнаа нов напад во околината на градот Алепо.

Опозиционери истакнаа дека силите на Асад напредуваат во регионот помеѓу градот Алепо и границата со Турција.

Во меѓувреме се реализираат жестоки топовски истрели и во областите на Туркменската планина и Џебел Екрад во реонот на градот Латакија.

Според добиени информации руски воени авиони почнувајќи од раните утрински часови започнаа нов напад врз областите на Туркменската планина и Џебел Екрад.

Силите на Асад пак со хаубици сместени на ридовите со поглед кон Туркменската планина и со ракети ги напаѓаат селата Келез, Чумерен, Агџабајир и нивните околини.

Експлозиите се слушаат и од населеното место Јајладаги на турската страна на границата.

Од друга страна страна продолжува да им се доставува и помош на Туркменците во Бајирбуџак кои се наоѓаат под жесток оган на силите на режимот и руските воени авиони.

Како последно во туркменското подрачје во непосредна близина на границата со Турција беше испратена хуманитарна помош составена од 55 ТИР камиони од Афјонкарахисар, Аксарај, Чорум и Ерзинџан.



Слични вести