САД ќе даде финансиска поддршка на мировниот процес во Колумбија

Америка ќе го зголеми износот на материјалната помош на Колумбија

427910
САД ќе даде финансиска поддршка на мировниот процес во Колумбија

САД ќе даде финансиска поддршка на мировниот процес во Колумбија

Продолжуваат мировните преговори меѓу колумбиската Влада и Колумбиските револуционерни вооружени сили.

ОН претходно имаше усвоено резолуција според која во случај да се постигне и потпише мировен договор меѓу страните во Колумбија, тогаш да се формираа невооружена мировна сила која ќе го контролира примирјето.

По ОН, поддршка на мировните преговори во Колумбија пристигна и од САД.

Америка ќе го зголеми износот на материјалната помош на Колумбија.

Претседателот Барак Обама рече дека пакетот за помош на Колумбија идната недела ќе биде доставен на гласање во Конгресот.

Колумбискиот претседател Мануел Сантос рече дека американската помош има витално значење од аспект на мировните преговори кои продолжуваат.

Страните во Колумбија од ноември 2012 година одржуваат преговори за изнаоѓање решение на конфликтот кој трае скоро 50 години.



Слични вести