Хасан Рохани првата посета на Европа ја остварува на Италија

Меѓу двете земји беа потпишани 17 договори за соработка во различни сфери

424670
Хасан Рохани првата посета на Европа ја остварува на Италија

По укинувањето на санкциите врз земјата, иранскиот претседател Хасан Рохани првата посета на Европа ја остварува на Италија.

Во рамките на посетата на Италија претседателот Рохани го придружува делегација од 6 министри и над 120 бизнисмени.

Главна тема на вчерашната посета на иранскиот претседател Рохани на Италија кој се состана со претседателот Серџио Матарела и премиерот Матео Ренци беше економијата.

Меѓу двете земји беа потпишани 17 договори за соработка во различни сфери.

Согласно потпишаните договори, се предвидува железниците и железничките линии на Иран да се развијат од страна на Италијанците, а исто така ја опфаќа и соработката во брзиот воз, здравството, фармацијата и енергијата.

По потпишувањето на договорите, Ренци и Рохани одржаа заедничка прес конференција.

Рохани рече дека оствариле пријателска и конструктивна средба, додека италијанскиот лидер рече дека нуклеарниот договор со Иран претставува предвесник за извонредна сезонска промена. Верувам дека напорите за постигнување на договорот во Виена ќе претставува прв чекор за мирот и благосостојбата во целиот регион, не само за Иран, рече Ренци.

Мирот во регионот може да се воспостави по политички а не воен пат, подвлече Рохани и додаде дека поради тоа сакаат да соработуваат со Италија.



Слични вести