Во руски напад со балистичка ракета во Сирија загинаа 12 лица

Повредените во нападот беа пренесени на хоспитализација во полската болница

424374
Во руски напад со балистичка ракета во Сирија загинаа 12 лица

Во рускиот напад со „балистичка ракета“ на гратчето Салкин северно од Идлиб во Сирија кое се наоѓа под контрола на силите на опозицијата загинаа 12, а 25 лица беа повредени.

Повредените во нападот беа пренесени на хоспитализација во полската болница.

Нападот на гратчето се слушна дури од месноста Рејханли кај Хатај во Турција.

Цел на руските напади во последно време на гратчињата и населените места северно од градот Идлиб кои се наоѓаат под контрола на силите на опозицијата се патиштата кои ги користат цивилите на Идлиб и Алепо за помош.

Руското министерстсво за одбрана претходно имаше најавено дека на 30 септември 2015 година почна со воздушни операции против целите на терористичката организација ДЕАШ. Цел на нападите на руските авиони се штабовите и камповите за обука на умерената опозиција и населените места во Хомс, Идлиб и Алепо.

Градската заедница на Истанбул во соработка со Здружението Бешир и Фондацијата Семерканд испратија 2 камиони хуманитарна помош за настраданите Бајирбуџак Туркменци кои се изложени на нападите на Русија и силите на Асад.

Во камионите се наоѓа облека, храна и прва помош.

Во текот на претстојниот месец на Бајирбуџак Туркменците се планира да им се испратат 6 камиони со хуманитарна помош.



Слични вести