Ребело де Соуза нов претседател на Португалија

Во Португалија се одржа првиот круг на гласање на претседателските избори

424379
Ребело де Соуза нов претседател на Португалија


Во 12 илјади изборни единици 9 милиони 700 илјади регистрирани гласачи ќе гласаат за новиот претседател.

На изборите се натпреваруваа 10 кандидати. Ребело де Соуза освои 52 насто од гласовите во првиот круг и беше избран за нов претседател на државата.

Независниот кандидат Соуза кој е подржуван од страна на десничарските партии за време на кампањата не прифати никаква материјална помош и поддршка.

Наместо да одржува митинзи, Соуза се движеше меѓу граѓаните и сите трошоци ги намири самиот.

По Соуса, најголем број гласови освои кандидатот на Социјалистичката партија Антонио Сапаио да Новоа и тоа 22 насто, додека кандидатот на Левичарскиот блок Мариса Матиас освои 10 насто од гласовите.

Незаинтересираноста на Португалците кон изборите можеше да се види и на овие избори. Имено учеството на граѓаните на претседателските избори во 2011 година изнесуваше 46 насто, додека на овие избори достигна едвај 48 насто.

Покрај тоа што има симболична улога во политичкиот систем на Португалија, претседателот има посебна привилегија во вонредни услови да ја распушти владата.

Затоа овие избори имаат големо значење за земјата во која сеуште нема политичката стабилност.



Слични вести