Кина и Иран склучија 25 годишен договор за стратешка соработка

Кинескиот претседател Ши Џинпинг кој се наоѓа на турнеја по Блискиот исток по остварените посети и разговори во Саудиска Арабија и Египет допатува во посета на Иран

424324
Кина и Иран склучија 25 годишен договор за стратешка соработка

Иран и Кина го унапредуваат стратешкото партнерство.

Кинескиот претседател Ши Џинпинг кој се наоѓа на турнеја по Блискиот исток по остварените посети и разговори во Саудиска Арабија и Египет допатува во посета на Иран.

Ши Џинпинг во Техеран се состана со иранскиот претседател Хасан Рухани.

Во рамките на остварените разговори беше постигнат 25 годишен договор за стратешка соработка помеѓу двете земји.

Освен тоа Техеран и Пекинг потпишаа и 17 протоколи со кои што се предвидува да се реализираат заеднички активности во низа разлисчни сфери.

Кинескиот претседател Ши Џинпинг во рамките на своите разговори во Техеран се состана и со иранскиот верски лидер ајатолахот Али Хамнеи.

Во оваа прилика Хаманеи го изрази задоволството по повод постигнувањето на 25 годишниот договор за стратешка соработка помеѓу двете земји.

Кина и Иран имаат за цел обемот на меѓусебната трговска соработка за 10 години да го зголемат на ниво од околу 600 милијарди долари.

Инаку обемот на трговската соработка помеѓу двете земји во 2014 година изнесуваше некаде околу 52 милијарди долари.

Иран кој се наоѓа на петто место спроед производството на нафта во светот исто така се наоѓа на шестото место меѓу земјите кои извозуваат нафта за Кина.



Слични вести