Напади на ДЕАШ во Сирија: Загинаа 50 војници на режимот и најмалку 85 цивили

Терористичката ДЕАШ реализира крвав напад врз квартот Бегелије во градот Деир ез-Зор во пустинското подрачје во источниот дел на Сирија

422945
Напади на ДЕАШ во Сирија: Загинаа 50 војници на режимот и најмалку 85 цивили

Во реализирани напади од страна на терористичката организација ДЕАШ во Сирија загинаа 50 војници на режимот и најмалку 85 цивили.

Терористичката ДЕАШ реализира крвав напад врз квартот Бегелије во градот Деир ез-Зор во пустинското подрачје во источниот дел на Сирија.

Меѓу вестите кои што пристигнуваат од подрачјето се наоѓаат и оние според кои по заземањето на квартот Бегелије терористите на ДЕАШ киднапирале 400 цивили меѓу кои имало и жени и деца.

Според некои извори бројот на загинатите во нападите на ДЕАШ во Деир ез-Зор изнесува 300 лица.

Во Деир- ез-Зор живеат 450 илјади лица од кои 70-отсто се жени и деца.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини случувањата во градот Деир ез-Зор ги окарактеризира како ужаса и нагласи дека треба да престане граѓанската војна во Сирија.

Могерини рече дека дојде времето сите да ги обединат силите за елиминирање на заканата од терористичката организација ДЕАШ.

Специјалниот советник на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, Џефри Сакс пак рече: „Треба да се изнајде политичко решение за војната што продолжува во Сирија. Јас секогаш велам дека единственото вистинско решение ќе биде можно да се постигне во рамките на Советот за безбедност на ОН.“



Слични вести