Бан: Над 25 милиони луѓе во светот имаат потреба од итна помош

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун на одржаната конференција за претставниците на печатот во Дубаи рече дека 25 милиони луѓе во светот имаат потреба од итна помош

422942
Бан: Над 25 милиони луѓе во светот имаат потреба од итна помош

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун истакна дека бројот на луѓето кои имаат потреба од итна помош во светот изнесува над 25 милиони.

Бан на одржаната конференција за претставниците на печатот во Дубаи во Обединетите Арапски Емирати рече дека обезбедувањето на потребните финансиски средства поради различните присутни кризи во светот претставува сериозен проблем за меѓународната заедница.

Велејќи дека постојат сериозни тешкотии во точката на надминување на големите недостатоци по прашањето на потребите од помош во светот генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун достави извештај во врска обезбедувањето на неопходните финансиски средства за доставување на потребната хуманитарна помош.

Извештајот за кој станува збор ќе придонесе за утврдување на прашањата кои што ќе бидат поставени на дневен ред на Саветскиот самит за хуманитарна помош за кој се планира да се одржи во мај во Истанбул.



Слични вести