Граѓанската војна во Сирија предизвика хуманитарна криза

Целата криза во Сирија и нејзиното решавање не може да се поврзе само за судбината на едно лице

412402
 Граѓанската војна во Сирија предизвика хуманитарна криза

Генералниот секретар на ОНБан Ки Мун рече дека граѓанската војна во Сирија предизвика хуманитарна криза, поради што меѓународната заедница работи на изготвувањето на дипломатскиот мировен процес со кој во јануари се предвидува да започне примирје и процесот на политичка транзиција.

Генералниот секретар Бан одржа традиционална прес конференција на крајот на годината на која направи проценка на позначајните случувања во 2015 година како и актуелните случувања.

Во врска со решавањето на кризата во Сирија, Бан Ки Мун подвлече дека неприфатливо е поврзувањето на позицијата на Бешар Асад со дипломатскиот преговарачки процес.

Меѓународната заедница започна нова иницијатива за изнаоѓање политичко решение, рече Мун и додаде дека Меѓународната група за поддршка на Сирија на 18 декември петок ќе се состане во Њујорк.

Бан Ки Мун рече дека вложуваат големи напори за постигнување примирје во земјата во јануари и започнување дипломатски преговори за политичката транзиција во Сирија.

Генералниот секретар Мун потенцираше дека претстојниот Светски хуманитарен самит во Истанбул ќе има големо значење од аспект на разгледувањето на систематските проблеми со фондовите.

Целата криза во Сирија и нејзиното решавање не може да се поврзе само за судбината на едно лице, рече Бан и подвлече дека ова прашање им го препушта на страните.


Тагови:

Слични вести