Самитот на Шангајската организација за соработка се одржа во Хун

Лидерите на самитот потенцираа на значењето на регионалниот развој, просперитетот и регионалната стабилност

410834
Самитот на Шангајската организација за соработка се одржа во Хун

Кинеската провинција Хунан домаќин на Самитот на шефовите на државите на Шангајската организација за соработка.

Лидерите на самитот потенцираа на значењето на регионалниот развој, просперитетот и регионалната стабилност.

На крајот на самитот беше објавена декларација со која се подржува идеја за оживување на проектот историскиот Пат на свилата со кој се предвидува зајакнување на регионалната соработка.

Во декларацијата исто така беше подвлечено и на значењето на стабилниот социо-економски развој на земјите членки и општествениот просперитет.

Во тој контекст беше потенцирано на потребата и значењето за воспоставување регионални сообраќајни и транспортни мрежи, како и соработка во сферата на технологијата и финансиите.

Големо значење има и воспоставувањето дијалог меѓу партнерските земји како и позицијата на земји набљудувачи во рамките на организацијата, беше истакнато во декларацијата.

Следниот состанок на организацијата беше планиран да се одржи идната година во Киргистан.

Шангајската организација за соработка беше формирана во 1996 година од страна на Кина, Русија, Казахстан, Киргистан и Таџикистан.

Во 2001 година кон организацијата се приклучи и Узбекистан.

Индија, Авганистан, Иран, Монголија и Пакистан на Самитот учествуваат во својство на земји набљудувачи, додека Турција, Белорусија и Шри Ланка како партнери за дијалог.


Тагови:

Слични вести