Во руските напади во Источна Гута кај Дамаск загинаа 50 цивили

Руските воени авиони реализираа воздушни напади врз Дума под контрола на опозиционерите во регионот на Источна Гута во близина на сирискиот главен град Дамаск во кои загинаа 50 цивили, а 200 цивили беа повредени

362178
Во руските напади во Источна Гута кај Дамаск загинаа 50 цивили

Во воздушните напади на руските воени авиони врз населеното место Дума под контрола на опозиционерите во регионот на Источна Гута во близина на сирискиот главен град Дамаск животот го загубија 50 цивили, а 200 цивили беа повредени.

Според добиени информации од надлежни за цивилна одбрана во Дума руски воени авиони од утринските часови реализирале 25 воздушни напади на населеното место и областите во регионот на Источна Гута кој се наоѓа под контрола на опозиционерите. 

Меѓу бомбардираните места се наоѓале и Земелка, Џобар, Хабурије и Арбин.

Исти надлежни велат дека ви воздушните напади биле срушени и оштетени голем број населени места и дека животот го загубиле 50 цивили, а 200 цивили биле повредени кои биле префрлени на лекување во полски болници.

Како што се истакнува во бомбардирањата било оштетено и едно училиште при што загинал и директорот на училиштето.

Во меѓувреме руските бомбардирања во регионот на Источна Гута и областите во близина на главниот град Дамаск беа потврдени и од страна на членот на сирискиот опозициски Комитет за локална координација Јусуф ел-Бустани.

Бустани истакна дека на областите во регионот на Источна Гута под контрола на опозиционерите биле реализирани воздушни напади од страна на руски воени воени и ракетни и топовски напади од копно од страна на режимот на силите на Асад.

Минатиот месец во регионот на Источна Гута беше поставено на дневен ред прашањето за потпишување на 15 дневен прекин на огнот помеѓу силите на режимот и опозиционерите, меѓутоа разговорите за прекин на огнот останаа без резултат.

 

 

 



Тагови:

Слични вести