Во Франција се одржува вториот круг од локалните избори

Денеска во Франција се одржува вториот круг од локалните избори на кој приближно 43 милиони франуски граѓани со право на глас ќе ги изберат своите претставници за 101 департмент

407527
Во Франција се одржува вториот круг од локалните избори

Француските граѓани денеска гласаат за вториот круг од локалните избори чиј прв круг беше одржан минатата недела.

Приближно 43 милиони франуски граѓани со право на глас ќе ги изберат своите претставници за 101 департмент.

Во првиот круг од изборите освојувајќи 30-отсто од гласовите на бирачите победа извојува екстремно-десничарскиот Национален фронт (ФН) кој е против странците и исламот.

На второ место со освоени 28-отсто од гласовите се наоѓаат Републиканците на партијата на поранешниот претседател Никола Саркози, а на трето место е владејачката Социјалистичка партија на актуелниот француски претседател Франсоа Оланд кој губејќи голем број гласови успеа да освои само 24-отсто од гласовите.

Зелените и социјалистите офрмираа фронт против екстремно-десничарскиот Национален фронт (ФН).

И покрај тоа што лидерот на Националниот фронт (ФН) Марин Ле Пен вели дека верува оти повторно ќе излезе со победа во вториот круг од гласањето се очекува да опадне бројот на гласови на Националнио фронт.

 

 



Тагови:

Слични вести