Усвоен договорот од Париз за спречување на климатските промени

Земјите учеснички на 21-та седница на Конференција на страните на Рамковната конвенција на ОН за климатски промени (COP21) го усвоија договорот од Париз за спречување на климатските промени

361887
Усвоен договорот од Париз за спречување на климатските промени

Усвоен Договорот од Париз за спречување на климатските промени.

Текстот за кој е постигнат договор на 21-та седница на Конференција на страните на Рамковната конвенција на ОН за климатски промени (COP21) што продолжи две недели во главниот град на Франција Париз беше усвоен од страна на делегатите на земјите кои учествуваа на конференцијата.

Францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус кој претседаваше со конференцијата по гласањето сопшти дека Договорот од Париз е прифатен едногласно со поддршка на делегатите на 195 земји.

Откако не пристигна приговор на текстот поставен на гласање беше истакнато дека договорот е прифатен едногласно од страна на делегатите.

Во текстот кој што е правно обврзувачки е постигнат договор просечната граница на зголемување на глобалното затоплување да изнесува помеѓу 1,5 и 2 степени.

Текстот предвидува разгледување еднаш на 5 години на плановите на национално ниво во врска со намалувањето на емисијата на стакленички гасови и се има за цел земјите во развој за борба во оваа сфера годишно да одделат финансиски средства за поддршка од најмалку 100 милијарди долари.

Во договорот на преден план се истакнуваат членови како што се подготвеност пред негативните влијанија на климатските промени и поддршка на еколошките и одржливите економии кои ја намалуваат емисијата на стакленички гасови.

По усвојувањето на договорот церемонјата на потпишување се очекува да се одржи на почетокот на 2016 година во Генералниот секретаријат на ОН.

Поради тоа што актуелните договори во врска со емисијата на стакленичките гасови важат до 2020 година постигнувањето на нов договор и новите ветувања во Париз кои што ќе важат најмалку 10 години се значајни од аспект на борбата против глобалното затоплување.



Тагови:

Слични вести