Туркменското подрачје и Џебел Екрад под жесток топовски оган

Туркменското подрачје Бајирбуџак и областите на Џебел Екрад се подложени на жесток топовски оган, а повремено се водат и вооружени престрелки

408059
Туркменското подрачје и Џебел Екрад под жесток топовски оган

Светот молчи пред нападите на силите на режимот на Асад, Русија и терористичката организација ДЕАШ врз Туркменците во северниот дел на Сирија.

Туркменското подрачје Бајирбуџак и Џебел Екрад се подложени на жесток топовски оган, а повремено се водат и вооружени престрелки.

Силите на режимот на Асад со поддршка и на руските воени авиони ги продолжуваат нападите на руралните подрачја северно од градот Латакија.

Нападот на силите на режимот од копно врз туркменските подрачја кој што започна вчера од две места и траеше во текот на целиот ден беше одбиен од страна на туркменските единици.

Локални извори јавуваат дека во вооружените судири кои што продолжуваат со повремени застои во областите Кајнаклар, Ѓогдаг и Киркалти има загуби и од двете страни.

Во меѓувреме силите на режимот извршија топовско гранатирање на туркменските села и селата Кефренџе и Бедеме во Џебел Екрад. 


Тагови:

Слични вести