Мезиер повика на борба против екстремно-десничарското насилство

Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер побара целото општество да застане против растечкото екстремно-десничарско насилство, а не само безбедносните единици

407837
Мезиер повика на борба против екстремно-десничарското насилство

Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер истакна дека растечкото екстремно-десничарско насилство претставува срам и застрашувачки за неговата земја.

Мезиер во дадената изјава за списанието „Шпигел“ побара целото општество да застане против екстремните десничари, а не само безбедносните единици.

Привлекувајќи внимание дека непријателството кон странците и екстремно-десничарската мисла ги нема кај средната општествена класа, Мезиер растечкото екстремно-десничарско насилство во земјата го окарактерзира како срам за Германија и застрашувачки.

Во веста на списанието „Шпигел“ се истакнува дека во значајна мера е зголемен процентот на кривичните дела извршени од страна на екстремните десничари и напомена дека во септември со екстремно-десничарски мотиви се извршени 1,484 кривични дела, а во октомври 1.717 кривични дела.  


Тагови:

Слични вести