Силите на Асад ги засилуваат нападите врз туркменското подрачје

Подрачјата Бајирбуџак и Џебел Екрад најпрвин беа жестоко бомбардирани со касетни бомби, а потоа беше започната копнена операција за принудување на цивилното население да се исели од овој регион

407304
Силите на Асад ги засилуваат нападите врз туркменското подрачје

Силите лојални на Асад започнаа копнена операција поддржана и од воздух за бришење на туркменското присуство од подрачјето Бајирбуџак.

Според добиени информации од локални извори силите на сирискиот режим во последните два дена следат различна тактика.

Подрачјата Бајирбуџак и Џебел Екрад најпрвин беа жестоко бомбардирани со касетни бомби, а потоа беше започната копнена операција за принудување на цивилното население да се исели од овој регион.

Цел на бомбардирањата беа и селата и населените места во непосредна близина на границата со Турција.

Жестоко беа бомбардирани селата Обин, Наџије и Бидама во чија близина се наоѓаат бегалски кампови.

Стотици семејства кои беа подложени на жестоко бомбардирање во подрачјето пристигнаа во бегалскиот камп Јамади веднаш во непосредна близина на границата со Турција.


Тагови:

Слични вести