Напади на ДЕАШ во Хасеке: Загинаа 26 лица

Во реализираните напади од страна на терористичката организација ДЕАШ во Хасеке во североисточниот дел на Сирија животот го загубија 26 лица, а 120 лица беa повредени

406779
Напади на ДЕАШ во Хасеке: Загинаа 26 лица

Терористичката организација ДЕАШ реализира напади со камиони натоварени со бомби во Хасеке во североисточниот дел на Сирија во кои животот го загубија 26 лица, а 120 лица беа повредени.

Во нападот реализиран од страна на руски воени авиони во областите во близина на градот Алепо под контрола на сириските опозиционери пак загинаа 5 лица, а 12 лица беа повредени.

Руското министерство за одбрана на 30 септември соопшти дека Русија ги започнува воздушните операции против целите на терорирстичката организација ДЕАШ во Сирија.

Меѓутоа цел на руските воени авиони повеќе се командни центри и кампови за обука на умерените сириски опозиционери во Хомс, Хама, Идлиб и Алепо како и цивилни населени места под контрола на умерените опозиционери.

Силите на режимот на Асад исто така со поддршка и на руските воздушни напади продолжуваат да напредуваат пред опозицијата.

Силите на Асад ја зазедоа и последната област во градот Хомс која беше под контрола на опозицијата и започнаа голем напад врз опозиционерите во градот Алепо. 


Тагови:

Слични вести