Во руските напади во Џебел Екрад животот го загубија 15 цивили

Според добиени информации од локални извори непрестано продолжуваат нападите на сирискиот режим и руските воени авиони во подрачјето на Туркменската планина и областа Џебел Екрад

405160
Во руските напади во Џебел Екрад животот го загубија 15 цивили

Во воздушните напади на руските воени авиони врз областа Џебел Екрад во руралното подрачје на градот Латакија во северозападниот дел на Сирија животот го загубија 15 лица од кои повеќето жени и деца.

Според добиени информации од локални извори непрестано продолжуваат нападите на сирискиот режим и руските воени авиони во подрачјето на Туркменската планина и областа Џебел Екрад.

Исти извори истакнуваат дека руските џетови во вечерните часови реализираа напад на селото Меранд во подрачјето.

По нападот во областа биле испратени голем број екипи за цивилна одбрана и противпожарни екипи.

Како што се вели во нападот освен загинати имало и голем број повредени.

Од друга страна продолжуваат воздушните напади и на руските воени авиони и силите на Асад врз селата Кбејне, Кунсуббе, Ел Туффахије во областа Цебел Екрад и на Туркменската планина. 


Тагови:

Слични вести