Ријад домаќин на самитот на Советот за заливска соработка

Саудискиот крал Салман бин Абдулазиз ал Сауд кој во својство на домаќин говореше на отворањето на самитот ги критикуваше погрешните перцепции со кои што се воспоставува врска помеѓу тероризмот и исламот

405494
Ријад домаќин на самитот на Советот за заливска соработка

Во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад се одржува самитот на Советот за заливска соработка.

Саудискиот крал Салман бин Абдулазиз ал Сауд кој во својство на домаќин говореше на отворањето на самитот ги критикуваше погрешните перцепции со кои што се воспоставува врска помеѓу тероризмот и исламот.

Саудискиот крал истакна дека регионот се наоѓа под тешки услови и упати повик за единство и обединување во борбата против проблемите. 

Кралот Салман нагласи дека стекнувањето на палестинскиот народ со своите легитимни права и формирањето на државата Палестина се приоритетни прашања.

Во врска со сирискиот проблем пак саудискиот крал Салман бин Абдулазиз ал Сауд  рече дека треба да се изнајде политичко решение во согласност  со првиот состанок во Женева.

На самитот говореше и катарскиот емир шеик Тамим бин Хамад ал-Тани кој нагласи дека тероризмот е едниот од најопасните проблеми со кои што се соочува современиот свет.

На самитот на Советот за заливска соработка кој ќе трае два дена освен за актуелни регионални случувања се дискутира и за прашања посветени на заедничката безбедност и за економската и воената солидарност на заливските земји. 


Тагови:

Слични вести